„Вчера Путин коментираше дека наводно ние треба да го направиме тнр. политичко регулирање, да одржиме избори, а потоа да се занимаваме со прекин на огнот и обнова на контролата“, рече Порошенко на манифестацијата посветена на Денот на граничната полиција во саботата и рече дека прашањето на заштитата на источната граница и обновата на украинската контрола се клучни за спроведување на „Минската спогодба“, пишува „Взгљад“.
„Минската спогодба“, која јасно предвидува повлекување на окупациските сили од целата украинска територија, обновата на украинската контрола на државната граница, воведување на вооружена меѓународна полициска мисија на ОБСЕ... единствено тогаш според украинското законодавство, со меѓународните набљудувачи, со учество на украински партии, со мерки на безбедност кои заштитат секого, со пристап на украинските медиуми, ќе ги одржиме изборите кои јасно одговараат на меѓународните стандарди на ОБСЕ. Ништо друго не може да има, јас инсистирам на тоа“, изјави Порошенко.
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот рече дека треба да се спроведен децентрализација на Украина и да се донесе закон за посебен статус на Донбас, како и да се спроведе амнестија за доброволците. Според него, „не смее да се одложуваат тие решенија под изговор дека во зоната на безбедност, во зоната на разграничување некој во некого пука“.
Во петокот, постојаниот претставник на Русија во ОБСЕ, Александар Лукашевич рече дека Киев, под различни изговори го саботира спроведувањето на политичките точки на „Минската спогодба“. Тој, исто така, побара да се договорат модалитетите на локалните избори во Донбас и дополнувањата на законот за специјалниот статус на регионот, да се реализира одредбата од „пакетот мерки“ за помилување и амнестија со донесувањето на закон за забрана на гонење и казнување на лицата во врска со настаните кои се случиле во одредени реони на Донецката и Луганската област на Украина.
Покрај тоа, на одржување на локални избори во Донбас и повика Г-7.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче