Косачов: Назначувањето на Расмусен за советник Порошенко е уште едно „шоу“

Назначувањето на поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен за советник на Петро Порошенко е уште едно „шоу“, Украина ги привлекува странците со звучни имиња за зајакнување на надворешниот ефект, убеден е претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Константин Косачов.

„Во именувањето на поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен за советник на претседателот на Украина  јас не гледам некаква воена и воопшто практична смисла. На Украина очајно ѝ требаат не толку странски пари, колку надворешно внимание. И затоа поголемиот дел од нејзините активности се шоу“, изјави сенаторот, пишува „Взгљад“.

Според Косачов, Киев привлекува странци, по можност, со звучни имиња, за засилување на надворешното влијание.

„И сè се прави во шокантен вид, па дури и фарса. Стенкањето на украинската претставничка на „Евровизија“, чествувањето на Савченко, именувањето на Саакашвили за гувернер и на Гајдар за негов заменик, сега тука е вклучувањето на поранешниот натовец – сета таа комедија служи за единствената цел: по секоја цена да се задржи Украина во центарот на вниманието на западните партнери. Впрочем, ако ова внимание ослабне, а на Украина ѝ се понуди самата да се зафати со решавање на своите проблеми, и повеќе да не се „вади“ на Русија или на „тешкото наследство на минатото“, тоа за киевскиот режим е исто како смрт“, истакна сенаторот.

Косачов повика да не се гледаат во појавата на Расмусен на украинската сцена никакви дополнителни ризици во контекст на ситуацијата во Донбас или за односите меѓу Украина и Русија.

Расмусен беше на функцијата генерален секретар на НАТО од 2009 до 2014 година. Претходно, од 2001-2009 година, беше премиер на Данска

Указот за поставување на Расмусен за советник на претседателот на Украина Порошенко го потпиша во петокот.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња