„Сите признаваат, сакам да ве уверам во тоа, дека е незамислива иднината на европскиот континент ако ЕУ се конфронтира со Русија“, изјави Ципрас. „Грција е таква земја која може да биде полезна ако послужи како мост на пријателство и соработка“.
Според Ципрас, улогата на Грција во рамките на меѓународните организации е да „придонесе да бидат измазнети острите рабови на спротивностите и да бидат пронајдени основи за зближување на ЕУ со Русија“, пишува „Взгљад“.
„Единствено решение е дијалогот“, потенцираше тој, истакнувајќи ги залудноста на новата „студена војна“ и санкциите.
„Сметаме дека, како што е наведено и во декларацијата, дека подигнувањето на нашиот дијалог на квалитативно различно ниво може да придонесе во тежок период, во унапредувањете на односите меѓу ЕУ и Русија и НАТО и Русија, како и во зајакнувањето на европската безбедносна архитектура во рамките на ОБСЕ“, изјави Ципрас.
„Невозможно е да се има безбедносна архитектура во Европа без Русија да учествува во тоа, без Русија како составен дел на таа архитектура“, заклучи премиерот на Грција.
„Имавме можност да ја разгледаме кризата во Украина, ја изразивме својата поддршка за одржување на мирот што може да се постигне само во рамките на „Минската спогодба“ со значително присуство на силите на ОБСЕ во регионот“, рече Ципрас на прес-конференција по средбата со Путин.
Претходно Русија и Грција потпишаа декларација за зајакнување на односите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче