Земјите на Г-7 договорија продолжување на санкциите против Русија во јуни

Земјите од Г-7 се договорија да го продолжат дејството на санкциите против Русија, изјави премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон.

Земјите од Г-7 се договорија да го продолжат дејството на санкциите против Русија, изјави премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон.

„За Русија „седумте“ се согласија со потребата од продолжување на санкциите во јуни“, изјави Камерон на прес-конференцијата по завршувањето на самитот на Г-7 во Јапонија, пренесува РИА „Новости“.

Британскиот премиер истакна дека санкциите ќе останат сѐ до целосно исполнување на „Минската спогодба“.  

Претходно учесниците на самитот на Г-7 објавија заедничка декларација. Во неа особено се зборува за подготвеноста за воведување нови санкции против Москва во случај на потреба.

Притоа лидерите на Г-7 ја потврдија важноста на дијалогот со Москва за решавање на украинската криза.

Подоцна претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Константин Косачев изјави дека самитот на „седумката“ му наликувал на „партиски конгрес од советско време“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња