„Агендата на вашиот состанок допира важни прашања од кои многу се директно поврзани со актуелните случувања во низа муслимански земји и предизвикуваат, без претерување, глобален одек“, се вели во писмото на Путин кое беше прочитано на пленарната седница на Групата за стратешка визија „Русија-Исламскиот свет“.
Според зборовите на Путин, со помош на Русија им е нанесен силен удар на терористите кои сепак и понатаму се обидуваат заедно со своите помагачи да ја дестабилизираат ситуацијата и на сите начини да ги осуетат меѓународните напори за мирно решавање на ситуацијата.
„Би сакал да потврдам дека исламскиот свет секогаш ќе има сигурен сојузник во Русија, подготвен да му пружи помош во решавањето на клучните проблеми. Ние ја поддржуваме активната позиција на муслиманските земји во воспоставувањето на принципите на праведност и владеење на правото во меѓународните односи“, рече рускиот претседател.
Путин исто така изрази надеж дека актуелната седница на Групата за стратешка визија „Русија-Исламски свет“ ќе придонесе за зајакнување на довербата и соработката меѓу Русија и муслиманските земји, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче