Приливот на руски туристи во Грција во март се зголемил за 524 насто во однос на истиот период од 2015 година. Земјата за еден месец ја посетиле повеќе од 10 илјади патници, соопшти во петокот, 27 мај, Здружението на туроператори на Русија.
Вкупно во првиот квартал од оваа година 20 илјади руски граѓани ја посетиле Грција, што е речиси 135 насто повеќе во однос на истиот период од 2015 година.
Исто така се зголемиле и грчките приходи од туристи од Русија: во март, патниците потрошиле околу 8 милиони евра, што е 180 проценти повеќе од нивните трошоци во текот на истиот месец од 2015 година. Вкупно во првиот квартал од тековната година приходите од руски туристи се зголемени за 44 насто - на 12 милиони евра.
Растот на туристички прилив во Грција го ограничува проблемот со визите, истакнуваат експертите. Сепак, во четвртокот, 26 мај, амбасадата на Грција во Москва соопшти за конечно решение на проблемот со шенген-визите за туристите од Русија. Според зборовите на дипломатите, мерките што ги презела Грција го скратиле рокот за издавање на документи за влез на десет дена, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче