Ријвас ги поддржа мерките што веќе ги презеде Алијансата и рече дека се неопходни идните потези. Така тој повика во Латвија, Литванија и Естонија да се распореди по еден баталјон на силите на НАТО и притоа војниците да ротираат на претходно дефиниран начин, пренесува „РИА Новости“.
Во тој случај, иако тоа нема да бидат трајно распоредени, овие сили секогаш треба да се наоѓаат таму. Не смее да има празнини. Заплашувањето треба да стана вообичаена пракса“,изјави естонскиот премиер во интервју за германскиот весник „Велт“.
Претходно, министрите за одбрана на 28-те земји-членки на НАТО на состанокот во Брисел го одобрија предлогот за зголемено воено присуство на Северноатлантската алијанса во Источна Европа, Источниот Медитеран и во Црното Море.
Балтичките земји станаа членки на западниот воен сојуз во 2004 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче