Санкциите на Европската унија и реципрочните мерки на Русија се одразуваат негативно на трговската соработка меѓу Москва и Атина, изјави премиерот на Грција Алексис Ципрас.
„Санкциите на ЕУ и руските возвратни мерки имаат негативно влијание врз нашата трговска соработка, но ние сме убедени дека има области, како што се инвестициите во инфраструктурата, транспортот и пристаништата, како енергетиката и туризмот, на кои треба да се фокусираме со цел да се постигнеме забележителни резултати. Руските компании веќе изразија првичен интерес за инвестирање во Грција“, рече Ципрас, пренесува „Взгљад“.
Тој исто така рече дека Европската унија треба да размисли за олеснување на визниот режим за руските граѓани.
Денеска рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Атина на средба со грчкото раководство. Меѓу другото, на разговорите ќе стане збор и за меѓународната безбедност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче