„Сметаме дека во ЕУ се засили отпорот кон продолжувањето на санкциите против Русија“, ги цитира неговите зборови „Дојче Веле“. Штајнмаер додаде дела „ во споредба со минатата година ќе биде посложено да се договориме за заедничка позиција по ова прашање“.
Притоа Штајнмаер уверува дека за Берлин санкциите како и претходно остануваат поврзани со реализацијата на „Минската спогодба“. Според неговите зборови, Германија ќе работи на тоа „Европа да се придржува до заедничка позиција по ова прашање“.
НАТО на самитот во јули ќе го разгледува засилувањето на своето присуство во балтичките земји, потсети Штајнмаер. Истовремено тој ја поздрави средбата меѓу претставниците на НАТО и Русија која ќе се одржи пред самитот. „Нам ни треба дијалог со Русија за да ја обновиме довербата која беше загубена и за да го намалиме ризикот од непредвидено вовлекување во спиралата на ескалацијата“, изјави шефот на германската дипломатија.
Западот има потреба од Русија за решавање на големите меѓународни проблеми, особено во Сирија и Либија, додаде Штајнмаер. „Особено во период на криза ни требаат формати кои ќе ни овозможат да го прекршиме молкот и да се вратиме на преговарачката маса“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче