Низа турски компании учествуваат во снабдување на терористичката група „Исламска држава на Ирак и Левант“ (ИД) со компоненти за изработка на самоделни експлозивни направи. Ова го напиша постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин во писмото до генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун.
„Анализата на основните хемиски компоненти на експлозивните смеси одземени од исламистите во реонот на Тикрит (Ирак) и Кобане (Сирија), со подоцнежната идентификација на компаниите-производители и проучување на условите за продажба на таквите компоненти во други земји покажува дека тие или се произведени во Турција, или се испорачани во таа земја без право на реекспорт“, изјави Чуркин.
Во писмото објавено во средата се наведени турски компании кои настапувале како посредници. Тие фирми, на пример, испорачувале до ИД алуминиум во прав, амониум нитрат, гранулиран карбамид и водород пероксид, произведени од турски и странски претпријатија. Исто така, Чуркин укажа на седум пати зголемената испорака на амониум нитрат од Турција за Сирија кој се користи за изработка на самоделни експлозивни направи.
Истовремено рускиот дипломат укажува дека карактеристика на самоделните експлозивни направи, произведени во работилниците на ИД на Блискиот Исток, е употребата на микро-контролори на американската компанија „Микрочип Технолоџи“, на транзистори од швајцарската фирма „Ес-Ти Микроелектроникс“, како и на мобилни телефони Нокиа модел 105 RM-908, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче