Путин: Треба да се создаде зона на соработка од Атлантикот до Тихиот океан

Рускиот претседател Владимир Путин напиша статија за грчкиот весник „Катимерини“.

Претседателот на Русија Вадимир Путин повика да се пристапи кон создавање на просторот од Атлантскиот до Тихиот океан зона на економска и хуманитарна соработка. Рускиот лидер истакна дека важен чекор на тој пат треба да стане „хармонизацијата на европскиот и евроазискиот интегративен процес“.

Рускиот лидер истакна дека соработката во регионот треба да се потпира на „архитектурата на подеднаква и неделива безбедност“.

Според зборовите на Путин, таквата работа е особено потребна во современи услови, кога Европа се судира со растечката конкуренција од страна на други центри на влијание. Претседателот на РФ потсети дека на јубилејниот самит Русија-АСЕАН кој неодамна се одржа во Сочи „конструктивно ги дискутиравме со партнерите актуелните меѓународни прашања, перспективите на интегративните процеси и продлабочувањето на соработката во Азиско-Тихоокеанскиот регион“.

„Очигледно е дека може да му се обезбеди достојно место на „стариот континент“ во новите меѓународни реалии единство со обединување на потенцијалите на сите европски земји, вклучително и на Русија“, истакна Путин во својата статија објавена во грчкиот весник „Катимерини“.

Рускиот лидер исто така истакна дека Москва и Европската унија немаат неразрешливи противречности.

„За да се вратиме на патот на повеќедимензионалното партнерство, треба само да се откажеме од погрешната логика на „игра пред еден гол“, во реалноста да го земаме предвид мислењето и интересите на другиот“, се вели во статијата на рускиот претседател.

Путин додаде дека засега од страна на земјите во Европа не се гледа подготвеност за дијалог со Русија.

Статијата на рускиот претседател е објавена пред неговата официјална посета на Грција, планирана за 27-28 мај, пишува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња