„Во моментов се работи на проектот за испорака на гас од Русија за Грција и Италија преку трети земји. Мислам, гасоводот ќе оди по дното на Црното море, а потоа по територијата на една од приморските земји, очигледно, тоа е Бугарија“, изјави Ушаков, пренесува „Взгљад“.
Рускиот лидер Владимир Путин има намера да престојува во посета на Грција од 27 до 28 мај. Кремљ соопшти дека во текот на посетата е планирано разгледување на реализацијата на заеднички проекти во сферата на енергетиката и транспортот.
Претходно во статија за грчкиот весник „Катимерини“ Путин пишуваше за односите меѓу Русија и ЕУ и се заложи за диверзификација на транспортот на енергенсите која ќе ја зголеми сигурноста на испораките и енергетската безбедност на Европа.
Русија во декември 2014 година се откажа од реализација на гасоводот „Јужен тек“ поради неконструктивната позиција на ЕУ.
Претседателот на РФ Владимир Путин во декември 2015 година изјави дека Русија е изненадена од позицијата на бугарското раководство за „Јужен тек“, затоа што според него, таа позиција ѝ пречи на интересите на Софија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче