Медиум: Зошто НАТО треба да се плаши од таинствениот тенк-терминатор

Руската војска прави борбено возило за поддршка на тенкови под назив „Терминатор-3“.

Русите планираат изработка на борбена машина за поддршка на тенкови  која во проектот се нарекува „Терминатор-3“ врз база на најновиот тенк „Армата“, изјави годинава генералниот директор на корпорацијата „Уралвагонзавод“ Олег Сиенко, пренесе РИА „Новости“.

Американските воени аналитичари ја следат оваа ситуација.

Во копнената војска на САД нема борбени машини за поддршка на тенкови. Најблизок еквивалент би било извидувачкото возило М3, модификација на ветеранот на американската армија „Бредли“. Но М3 само оддалеку наликува на „Терминатор“. Нешто поблиску е тешкиот израелски оклопен транспортер „Намер“ направена врз база на тенкот „Меркава 4“. Но, повторно, разликата е во тоа што руското возило превезува жива сила. Така што најдобар еквивалент во историјата и на планот на зададените задачи би биле германското офанзивно оружје „Брумбер“ и „Штурмтигр“, пишува „National Interest.

„Терминатор-3“, како и двата негови претходници, е добро вооружена машина наменета за поддршка на тенкови во борба со други оклопни возила и пешадија. Црвената Армија, а подоцна и руските копнени сили почнаа да работат на таа серија возила земајќи го предвид искуството стекнато во Авганистан и Чеченија.

Оклопот на сите денес постоечки верзии на „Терминатор“ не е ништо послаб од оклопот на основните борбени тенкови. Дури и повеќе, тој е посигурен, Дејв Маџумдар, воен аналитичар на весникот „Национален Интерес“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња