Јужна Осетија во 2017 година со референдум за присоединување кон Русија

Ваква изјава беше потпишана од страна на претседателот Леонид Тибилов и спикерот на парламентот Анатолиј Бибилов.

Референдум по прашањето за влез на Јужна Осетија во состав на Руската Федерација ќе се одржи во 2017 година. Ваква изјава беше потпишана од страна на претседателот Леонид Тибилов и спикерот на парламентот Анатолиј Бибилов.

Документот беше усвоен на состанокот на политичкиот совет при претседателот на Републиката.

„Раководејќи се од долгорочните интереси на јужноосетинскиот народ и стремејќи се кон осигурување на стабилноста на општествено-политичката ситуација во Република Јужна Осетија, настапуваме со заедничка изјава за поддршка на одлуката на политичкиот совет при претседателот на Јужна Осетија од 26 мај 2016 година за соодветноста на одржување на референдум по прашањето за влегување на Република Јужна Осетија во состав на Руската Федерација во 2017 година“, се вели во соопштението.

Во документот се наведува дека гласањето ќе се одржи по изборите за претседател на републиката, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња