Министерството за одбрана на САД не планира заеднички операции со Русија за борба против „Исламската држава“ во Сирија, изјави за РИА „Новости“ портпаролот на Пентагон Мишел Балданза.
„Ние редовно дискутираме со Русија и другите партнери за нашите напори за одржување на режимот на прекин на огнот во Сирија. Тоа е меѓуресорни консултации, а не само дискусии на ниво на војските“, додаде портпаролот на Пентагон, зборувајќи за контактите меѓу страните.
Балданза истакна дека целта на САД во Сирија останува борбата со ИД и давањето помош на „локалните мотивирани сили кои можат да се борат против ИД“.
Претходно претставници на сириските Курди го објавија почетокот на операцијата за ослободувањето на „престолнината“ на ИД – градот Рака. Притоа тие изразија подготвеност да ги координираат своите дејствија како со САД, така и со Русија.
Коментирајќи ги тие соопштенија, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена за соработка. Тој исто така изјави дека Русија и САД веќе почнале да ја разгледуваат можноста за заеднички активности против терористите во Сирија.
Подоцна портпаролот на Стејт департментот на САД Марк Тонер потврди дека прашањето за можни заеднички операции било дискутирано, меѓутоа тој изрази сомнеж дека во тој контекст се дискутирало за ослободување на Рака. Тој укажа дека во врска со ова прашање САД сметаат на напорите на курдските формации и на своите коалициони сојузници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче