Украинскиот претседател Петро Порошенко смета дека Крим и Донбас треба да ѝ бидат вратени на Украина како Надежда Савченко. Ова прес-службата на украинскиот претседател го напиша на Твитер во текот на заедничката конференција на Порошенко со Надежда Савченко.
„Како што ја вративме Надежда, така ќе го вратиме украинскиот суверенитет и над Донбас и Крим“, изјави претседателот на Украина.
Во својот говор Порошенко исто така вети дека Украина ќе работи на враќањето на останатите Украинци кои се притворени во Русија и во делот од Донбас кој не се наоѓа под украинска контрола.
„Ќе ги вратиме Солошенко, Афанасјев, Кољченко, Сенцов и другите Украинци, заложници на Русија и на окупираната територија“, рече украинскиот претседател, пренесува сајтот на блогерот Анатолиј Шариј.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.