Лавров:Санкциите нема да нѐ натераат да се откажеме од националниот интерес

Обидите за притисок врз Русија преку еднострани санкции нема да ја натераат Москва да се откаже од националните интереси, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„Очигледно е дека обидите за притисок врз Русија по пат на еднострани санкции нема да нѐ натераат да се откажеме од нашата принципиелна линија“, изјави тој во интервју за унгарскиот весник „Маѓар немзет“.

Ембаргото на прехранбени продукти, воведено како одговор на постапките на Западот, беше балансиран чекор и ги имаше предвид правата и обврските на Русија според меѓународните договори, објасни Лавров.

Рускиот министер уште еднаш истакна дека Русија не разгледувала и нема намера да ги разгледува критериумите за укинување на ограничувањата. „Наведеното прашање треба да го поставите на оние кои беа иницијатори на вртењето санкциската спирала“,  изјави дипломатот.

Притоа Сергеј Лавров додаде дека Москва верува во можноста за надминувањето на негативноста во односите со ЕУ. Според неговите зборови, страните „премногу ги поврзува на географски, економски, историски, едноставно човечки план“.

Важноста на мерките на ограничување на ЕУ против Русија истекува на 31 јули. Прашањето за нивно продолжување ќе се дискутира на самитот на ЕУ на 28-29 јуни, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња