Лавров: Ќе одговориме на сите ризици и закани по националната безбедност

Според министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров, Москва не може да ги игнорира негативните тенденции како резултат на курсот на НАТО „за свесно поткопување на стратешката рамнотежа на силите во Европа“.

Руската страна ќе ги презема сите неопходни чекори за да парира на ризиците и заканите за националната безбедност. Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за унгарскиот весник „Маѓар Немзет“ во пресрет на неговата посета на Будимпешта.

„Не би сакал сакал да личам на неодговорните политичари кои за да ги задоволат сопствените амбиции се подготвени со леснотија да ги жртвуваат интересите за одржување на мирот и стабилноста во Европа и, без размислување за последиците, и понатаму ги зголемуваат влоговите, управувајќи со кормилото на алармантно расположение“, истакна шефот на МНР РФ, коментирајќи го зголемувањето на присуството на НАТО во Централна Европа.

„Во исто време, несомнено, не можеме да ги игнорираме растечките негативни тенденции кои настануваат како резултат на политиката на НАТО за свесно поткопување на стратегиската рамнотежа на силите во Европа, вклучувајќи го и зајакнувањето на воениот потенцијал на Северноатлантската алијанса во близина на руските граници, создавањето на европскиот сегмент на глобалниот систем за ПРО на САД“.

„Поинаку од дестабилизирачки и кратковиди таквите постапки не можат да се наречат“, рече министерот.

„Во овој контекст, руската страна ќе ги презема сите неопходни чекори за да парира на ризиците и заканите за нашата национална безбедност“, потенцира шефот на руската дипломатија.

Притоа Русија, потсетува Лавров, „како и претходно останува посветена на градењето архитектура на заемно корисна и широка општоевропска соработка во сферата на безбедноста врз основа на принципот на нејзината неделивост, со потпирање врз меѓународното право“. „Сметаме дека во НАТО конечно ќе надвладее здравиот разум и нашите западни партнери ќе најдат сили да се откажат од правење конфронтирачки шеми поради желбата да се обезбеди својата безбедност за сметка на другите“, вели рускиот министер.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња