„Министерството за надворешни работи на Украина изразува протест во врска со недоговорениот со украинската страна престој на суверената територија на Украина во нејзините меѓународно признати граници, кои ги вклучуваат Автономната Република Крим и Севастопол, од страна на шефот на руската влада Дмитриј Медведев“, се вели во соопштението на прес-службата на Министерството за надворешни работи на Украина објавено на официјалниот сајт.
Рускиот премиер е во посета на Крим од 22 мај, каде што ги следеше внатрепартиските избори во владејачката „Единствена Русија“ и одржа неколку состаноци.
Украина редовно протестира поради посетата на руски официјални лица на Крим, а Министерството за надворешни работи инсистира на задолжително усогласување со Киев во такви случаи, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче