Претседателот на Русија Владимир Путин во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот Франсоа Оланд и украинскиот претседател Петро Порошенко разговара за прашања за политичко решение на ситуацијата во југо-источниот дел на Украина.
Истакната е важноста од строго почитување на прекинот на огнот, подобрување на ефикасноста во зоната на конфликтот на специјалниот набљудувачката мисија на ОБСЕ - односно давањето дополнителни овластувања на мисијата, како и зајакнување на Заедничкиот центар за контрола и координација, соопшти рес-службата на Кремљ.
На партнерите во „нормандискиот формат“ им беше предаден договорениот со ДНР и ЛНР пакет-предлози за локалните избори, специјален статус, амнестија и децентрализација кои би треба да се разгледаат внимателно во контакт-групата.
Лидерите исто така разменија мислења за решавање на низа сериозни социо-економски и хуманитарни проблеми на југо-источниот дел на Украина.
Исто така беа дискутирани и некои аспекти на кризата во Сирија, пишува нашето матично издание „Росијскаја газета“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче