Медиум: Европските земји не сакаат да ја одвраќаат Русија заедно со НАТО

САД, Велика Британија и Германија веќе ја најавија својата подготвеност да испратат своја војска на границата со Русија, меѓутоа четврт доброволец засега не можат да најдат.

Откако САД одлучија да испратат во Источна Европа еден баталјон место два, НАТО не може да најде во Европа сојузници кои ќе бидат подготвени доброволно да ја пополнат настанатата „дупка“, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Европските сојузници не попуштаат пред притисокот од американските колеги, бидејќи не сите европски членки на Алијансата ја споделуваат нејзината загриженост за својата источна граница, прецизира весникот. Зајакнувањето на источните граници е од полза само на источноевропските држави, додека земјите од Западна Европа се повеќе загрижени од заканата од „Исламската држава“.

И покрај убедувањата од САД, данските власти, на пример, изјавија дека тоа бара повеќе ресурси отколку што имаат, така што земјата не може да игра активна улога во формирањето на баталјоните за Полска и балтичките земји. Норвешка пак, го аргументира одбивањето со тоа што таа самата граничи со Русија и треба да се грижи за заштита на своите граници.

Таквите изјави предизвикуваат очигледно незадоволство во Вашингтон. Како демократите, така и републиканците сѐ почесто ги критикуваат сојузниците во Европа за тоа што тие нерадо плаќаат за сопствената одбрана користејќи ги ресурсите на САД во регионот. Претседателот Обама дури и ги нарече европските земја „шверцери“, се вели во статијата.

Притоа Вашингтон, според весникот, има „план Б“ - да се привлече уште еден неевропски сојузник - Канада. Официјални претставници на САД и НАТО активно преговараат за зголемување на канадскиот контингент во Полска со 220 војници, кои се веќе во земјата, до илјада. Официјален одговор од Отава сѐ уште нема, меѓутоа еден анонимен канадски официјален претставник изјави дека „Канада ги разгледува опциите за давање поефективен придонес во концептот на зајакната одбрана и за одвраќање“.

НАТО одлучи да ги зајакне своите источни граници, распоредувајќи по еден баталјон од илјада војници во Полска, Латвија, Литванија и Естонија. САД, Велика Британија и Германија веќе ја најавија својата подготвеност да испратат своја војска, меѓутоа четврт доброволец засега не можат да најдат.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња