„Евроњуз“: Лажниот „Твитер на Лавров“ е несвесна русофобија

Потпретседателот на надзорниот одбор на „Евроњуз“ Пјотр Фјодоров го коментираше објавувањето на текстот кој се повикуваше на лажниот профил на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на Твитер.

Потпретседателот на надзорниот одбор на „Евроњуз“ Пјотр Фјодоров го коментираше објавувањето на текстот кој се повикуваше на лажниот профил на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на Твитер. Тој го смета случајот за манифестација на недостаток од професионализам во британската служба на „Евроњуз“, но, според него, грешка била направена несвесно, пишува „Лента.ру“.

Фјодоров рече дека новинарите не ја потврдиле изјавата на рускиот министер од два сигурни извори, како што се бара од страна на дескот на „Евроњуз“. „Сепак сакам да сметам дека ова е несвесна русофобија, својствена за дел од заедницата на новинари кои пишуваат на англиски јазик“, рече потпретседателот на Надзорниот одбор на телевизиската мрежа.

Тој исто така укажа на фактот дека сите вработени во „Евроњуз“ се „наоѓаат под силен информативен притисок од мејнстрим западните медиуми кои сакајќи или несакајќи учествуваат во информативната војна против Русија“.

Претходно на 23 мај портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова објави на својот Фејсбук профил скриншот од материјалот на англискојазичната верзија на сајтот „Евроњуз“, посветен на резолуцијата на италијанскиот регион Венето со која се повикува да се признае сегашниот статус на Крим и да се укинат антируските санкции. Во материјал е употребен скриншот од профилот на Сергеј Лавров на Твтер, меѓутоа шефот на руската дипломатија не е регистриран во социјална мрежа. Захарова нарече постапките на авторите на материјалот намерна дезинформација која има за цел да промовира лажен ресурс.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња