Варшава: Прашањето за продолжување на санкциите против Русија е веќе решено

Шефот на МНР Полска Витолд Вашчиковски изјави дека продолувањето на санкциите против Русија е веќе решено кај мнозинството членки на ЕУ.

Според зборовите на полскиот министер, за прашањето за продолжување на санкциите чија важност истекува во јули, веќе се водат неформални преговори. На пример, како што кажа Вашчиковски, лидерите на САД, Германија, Велика Британија, Франција и Италија дискутирале на таа тема на состанокот во Хановер, пишува „Взгљад“.

„Тие се согласија дека „Минската спогодба“ не се реализира од страна на Русија, затоа продолжувањето на санкциите се подразбира“, истакна тој.

„Исто така и во билатералните разговори, кога се интересираме за ставовите на државите, сите тврдат дека тоа (продолжувањето на санкциите) е веќе решено“, додаде министерот за надворешни работи на Полска.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња