Претседателот на Русија Владимир Путин изрази сочувство до својот сириски колега Башар Асад во врска со смртта на цивилите во терористичките напади во провинцијата Латакија. Како што информира во понеделникот, 23 мај, прес-службата на Кремљ, рускиот лидер упатил телеграма до Асад.
„Претседателот на Русија уште еднаш ја потврди подготвеноста за продолжување на соработката со сириските партнери во спротивставувањето на терористичката закана и изрази увереност дека злосторниците, чии раце се извалкани со крвта на невините жртви, нема да избегаат од осветата“, се вели во соопштението.
Исто така се истакнува дека Путин им пренел зборови на сочувство на роднините и блиските на загинатите и им посакал брзо оздравување настраданите. Во телеграмата претседателот на РФ потенцира дека трагедијата во Латакија е „уште едно сведоштво за варварската, нечовечна суштина на терористичките групи кои ја започнаа крвавата војна против народот на Сирија“.
Во понеделникот, 23 мај, се случија два терористички напади во два града во провинцијата Латакија, вклучително и во Тартус, каде се наоѓа базата за логистика на ВМФ Русија. Според информациите на „Ројтерс“, нападот го извршиле терористите од „Исламска држава“. Руската агенција ТАСС повикувајќи се на локалата телевизија „Сурија“ соопшти дека одговорноста за нападите ја презела екстремистичката група „Ахрар аш-Шам“. Бројот на загинати надмина 100 луѓе, пишува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче