Песков:Односите меѓу Русија и НАТО се враќаат во времето на студената војна

Ситуацијата меѓу Русија и НАТО се враќа во оние времиња кои останаа далеку во минатото, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков на барањето да ги спореди односите со Алијансата со периодот на „студената војна“.

„Судејќи според реториката, таа брзо се враќа во истото време за кое мислевме дека веќе остана далеку зад нас, но за жал, суштината на оваа организација (НАТО) ... таа, веројатно, во своите пазуви толку цврсто ја чува токму оваа реторика дека сме грешеле кога сметавме дека тоа остана во минатото“, изјави Песков, пишува „Взгљад“.

„НАТО е производ на времето на конфронтација, тоа е инструмент создаден за конфронтација. Колку еден инструмент, создаден исклучиво за конфронтација во свое време, може да придонесе за обезбедување на европската стабилност и безбедност, е спорно прашање. Ние продолжуваме со жалење да констатираме политика на проширување на присуството на НАТО, експанзија на НАТО кон нашите граници. Ова предизвикува загриженост во Москва, а во исто време, тоа е, несомнено, причина за мошне предвидливи, конзистентни и систематски чекори на Москва за обезбедување на своите сопствени интереси и својата безбедност поради тоа“, рече Песков.

Во март рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија е принудена да одговори на зголемувањето на воениот потенцијал на НАТО во Европа, вклучително и во непосредна близина на руските граници.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња