Талентот на рускиот лидер е во тоа што тој успеа во вистинско време да ги комбинира своите идеи и идеите на оној дел од западното општество кој сѐ помалку ги поддржува глобализацијата и мултикултурализмот и сѐ повеќе ги цени своите корени и државните граници. Ова се вели во статијата на француски „Фигаро“.
Во статијата се истакнува дека Путин ги осудува западните земји затоа што тие „фактички тргнаа по патот на откажувањето од своите корени, вклучително и од христијанските вредности кои ја формираат основата на западната цивилизација“. Оперирајќи со жестоки изрази – на пример, „примитивизам“, - Владимир Путин отворено ги критикува законите кои дозволуваат истополови бракови. Тој често ги обвинува западните земји за нивната намера „да го применат својот модел на либерално уредување врз целиот свет, занемарувајќи ги притоа националните особености“, се потенцира во статијата.
Според авторот, успехот на рускиот лидер во голема мера се должи на фактот што политичарите како него во Европа се исчезнат вид. Слабоста на западните демократии се состои во тоа што тие раѓаат технократи, високо квалификувани, но неспособни за да го постигнат „симболичниот, речиси метафизички“ аспект на државната власт.
„На тој начин, Путин има уникатен поглед на светскиот систем. Тој се позиционира како бранител на националните особености и традиционалните вредности пред лицето на либералниот Запад, кој ги заборава своите духовни темели. Тој особено жестоко го критикува - и во тоа главно се состои силата на неговиот збор - западниот универзализам, тоа е намерата на еден дел од светот да го формира според својот лик останатиот дел од човештвото. Со тоа тој го осудува мешањето на Западот во внатрешните работи на други држави, без разлика дали е тоа во Украина или на Блискиот Исток“, заклучува францускиот медиум.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче