Медиум: Директно гласање на референдуми не е демократија

Во новиот број неделникот „Економист“ (The Economist) тврди дека препуштањето на големите политички одлуки директно на гласачите не е „подемократски“ од одлуките на парламентот и дека обично дава послаби резултати.

Во статијата „Нека луѓето ја упропастат својата одлука“ европските „демократи“ објаснуваат зошто сегашните референдуми во Европа се „лоша“ работа, без да се споменува значењето на референдумите што се одржаа во текот на 90-те и кои помогнаа во растурањето на СССР и Југославија.

Во Европа во последно време има сѐ повеќе референдуми, многу повеќе од 70-те години од минатиот век, се наведува во статијата на „Економист“. Сепак, овие референдуми не решија никакви проблеми, туку само ја заострија ситуацијата во Европа, се вели во текстот.

„Манијата за референдуми не го забави јакнењето на популистите, на евроскептичните партии кои го напаѓаат естаблишментот поради корупција и отуѓеност од народот. Плебисцитите кои требаа да ги решат скокотливите прашања често всушност се заоструваа: по неуспехот на шкотскиот референдумот за независност во 2014 година, бројот на поддржувачи на Шкотската национална партија стана четири пати поголем, најавувајќи понатамошни судири“, пишува „Економист“.

Авторот на текстот признава дека референдумите понекогаш може да решат некои едноставни локални прашања или национални прашања што се појавуваат еднаш во една генерација, на пример за членство во некој сојуз. Па сепак, вели тој, плебисцитите најчесто водат кон лош политички живот и лоша политичка насоченост.

„Најпроблематични се референдумите за прашања кои гласачите не ги разбираат или за теми кои се надвор од контрола на власта. Во 2015 година премиер на Грција Алексис Ципрас повика на референдум за одбивање на предлогот на кредиторите. Нејзините граѓани, од кои многумина не разбираа дека одбивањето би значело банкрот, гласаа против прифаќањето на предлогот на доверителите. Ципрас сепак мораше да ја прифати понудата, предизвикувајќи циничен однос на јавноста спрема политиката“, се вели во текстот.

Во статијата исто така се споменува референдумот во Холандија за спогодбата меѓу Украина и ЕУ, која Холанѓаните ја отфрлија, но која веројатно ќе мораат да ја прифатат, смета авторот на текстот, ако останатите 27 членки ја поддржат.

„Плебисцитите се полош облик на демократија од власта на претставниците на народот“, пишува „Економист“. „Основачите на демократските држави не ги формираа случајно парламентите... Колку помалку референдуми, толку подобро“, заклучува магазинот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња