Во рамките на манифестацијата „Ноќ на музеите“, која во рускиот главен град се одржа на 21 и 22 мај, преку 300 културни установи, музеи, галерии и арт-кластери работеа до доцните вечерни часови.
„Манифестација беше успешно реализирана, беше забележан и значителен пораст на интересирањето на публиката. Според првичните пресметки над 450 илјади луѓе посетија некој од бројните настани организирани во рамките на „Ноќта на музеите“. Генерално посетата беше 20% поголема од минатата година“, изјави Кибовски.
Тој особено го акцентираше фактот дека манифестацијата предизвикува интерес и во далечните краишта, како што е, на пример, Зеленоград (еден од 12 административни окрузи на Москва, се наоѓа 37 километри оддалечен од центарот на Москва).
Музејот во Зеленоград го посетија 600 луѓе, а тоа е десетпати повеќе од минатата година, рече шефот на Одделот за култура на Москва, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче