Извештај: Руските санкции ги чинат извозниците 9,3 милијарди долари

Ембарго на увоз на прехранбени производи од ЕУ и САД (без да се сметаат Турција и Украина) ги чинеше земјите-извознички 9,3 милијарди долари, стои во извештајот „Ембарго на прехранбени производи: резултати од 2015 година“, подготвен од аналитичкиот центар при руската влада.

Најмногу се почувствува „првиот бран“ на ембаргото кое на 7 август Русија го воведе како одговор на санкциите на Европската Унија, САД, Канада, Аастралија, Норвешка, пренесува „Взгљад“.

Тогаш под забрана се најде месото, рибата, млекото и млечните производи, овошјето, зеленчукот и јаткастото овошје. Во 2013 година наведените земји испорачаа стоки во Русија во вкупна вредност од 9,1 милијарда долари.

Како што потсетуваат експертите на аналитичкиот центар, во јуни 2015 година санкциите беа продолжени за уште една година, а во август беа воведени и против Исланд, Албанија, Црна Гора и Лихтенштајн, како против земји кои ги поддржаа антируските санкции. Од тие земји 2014 година беа увезени стоки во вредност од 241 милион долари, што доведува до вкупна сума во износ од 9,3 милијарди долари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња