Експерт:Антируската параноја во британските медиуми нема граници

Владимир Корнилов, познат политиколог и историчар од Донецк кој живее во Холандија, се осврнува на последните појави на антируска пропаганда во британските медиуми.

„Ова е вистинска параноја, господа! Веќе ви пишував за книгата на британскиот генерал Ричард Ширеф по повод глобалната војна со Русија која треба да почне веќе догодина. Но, искрено кажано, јас, кој е навикнат на русофопската пропаганда во западните медиуми, не очекував таква возбуда која владее во Европа по повод оваа книга, толку жесток расплет. Ширеф и неговата апокалиптична прогноза не се симнуваат од страниците на британските весници. Сѐ е преполно со неговите коментари во врска со претстојната војна со Русија и со објавувањето на неговата книга.

Јас ви ветив дека ќе ви ја раскажам кратката содржина на наведеното дело. Го исполнувам ветеното. Значи, агенти на ФСБ напаѓаат четворица американски војници кои ги тренираат Украинците во Харков за борба против сепаратистите (!). Потоа рускиот претседател наредува да се нападнат два Ф-16 на небото над (замислете!) Источна Украина (!!). Потоа Русите вршат ракетен напад и целосно уништуваат „етнички руско училиште“ на територијата контролирана од страна на донбаските востаници, за да го обвинат за тоа Киев (изгледа, генералот не е во тек, колку такви училишта се уништени од украинските борци). Тоа служи како изговор за целосна инвазија на руската војска во Украина. Мариупол е срамнет со земја (!!!). НАТО не интервенира.

Но, главната цел на Путин, излегува дека не е Украина, ами големата Латвија, каде ФСБ организира востание на етничките Руси (!!!!). Повторно ФСБ (кој друг?) убива двајца водечки лидери на проруски организации во Латвија за да ги обвини латвиските националисти (тие треба, кога ќе го вршат убиството, да го носат логото на латвиската СС легија). Потоа повторно, руски снајперисти убиваат етнички Руси кои излегле да протестираат во Рига.

И потоа, знаете, инвазија на Русија врз балтичките држави, одговор на НАТО. А потоа командантот на подморницата „Красноармејск“ капетан Александар Иванович Чернавин со три торпеда го потопува во западното Балтичко море британскиот носач на авиони „Кралицата Елизабета“. И почнува...

Потенцирам, сите овие глупости се напишани генерал кој до неодамна беше заменик-командант на силите на НАТО во Европа. И сето тоа страсно, радосно го опишуваат британските медиуми! Можете ли да си го замислите нивото на антируската параноја меѓу натовските генерали и западните новинари кога сето ова доаѓа до израз и толку активно се дискутира?“, напиша Корнилов на својот Фејсбук-профил.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња