Американски генерал: Активностите на ВВС на Русија и Кина загрижуваат

Командантот на американското воено воздухопловство, генерал Херберт Карлајл, смета дека Русија и Кина се обидуваат да ги истиснат САД од Источна Европа и од Јужното кинеско море.

Американската војска е вознемирена од активностите на руските и кинеските воени авијации, изјави за изданието „Ју-Ес-Еј Тудеј“ командантот на американското воено воздухполовство Херберт Карлајл.

„Нашите грижи се поврзани со обновената Русија и крајно агресивната Кина“, истакна во интервјуто генералот.

Според зборовите на Карлајл, Москва се обидува да воспостави своја контрола во Источна Европа, а Пекинг во Јужното кинеско море. Притоа, додаде генералот, намерата на САД е да останат во тие региони.

„Тие се обидуваат да направат нас да нѐ нема таму. Дури тогаш тие ќе го контролираат тој дел од воздушниот простор. Сметам дека не можеме да дозволиме да се случи такво нешто“, изјави Карлајл, додавајќи дека „ние ќе одговориме ако тие дејствуваат агресивно и рискантно“.

Весникот пишува дека влоговите се многу високи, затоа што секој судир во воздух го зголемува ризикот за влошување на односите меѓу нуклеарните држави. Карлајл потенцира дека за спречување на порастот на тензиите е потребни постојано да се одржуваат контакти со руската и кинеската војска.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња