Екипата на студенти-програмери од Санктпетербуршкиот државен универзитет ги остави зад себе колегите од Харвард, МИТ, шангајскиот „Џио Тонг“ универзитет, како и екипите на руските универзитети – Уралскиот, Нижноновгородскиот, МГУ и др.
Еден од членовите на руската екипа изјави за „Лајф“ на што ќе ги потроши парите од наградата.
„Мислам дека ќе ги чувам за „црни денови“, за да можам спокојно да ги завршам универзитетот“, изјави Игор Пишкин.
Првенството ICPC се смета за најпрестижното на светот интелектуално натпреварување на млади програмери. Натпреварувањето се одржува под покровителство на меѓународната Асоцијација на компјутерска техника со поддршка од компанијата IBM. Секоја година учествуваат десетици илјади студенти од универзитети ширум светот – вкупно 10 илјади екипи од 40 земји. Првото екипно натпреварување во програмирање под покровителство на АКТ се одржа на Универзитот Тексас во 1970 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче