„Ростуризм“:Русија може да влезе во првите три лидери по влезен туризам

Во 2016 година Русија првпат се најде меѓу десетте најпосетувани земји од странски туристи.

Русија ги има сите шанси да влезе во првата тројка на земји во светот по прием на странски туристи, изјави првиот човек на Федералната агенција за туризам Олег Сафонов, пренесува РИА „Новости“.

„Сметаме дека имаме џиновски потенцијал нашите граѓани да одмораат во земјата, и странските туристи да ни доаѓаат“, изјави тој, настапувајќи на Серускиот форум „Здравница 2016“ во Казањ.

Според неговите зборови, во 2016 година Русија првпат влезе во десетте најпосетувани земји од странски туристи, заземајќи го 9 место. „Но нашите амбиции се повисоки. Сакаме Русија да влезе во топ-3 најпосетувани земји“, изјави Сафонов, додавајќи дека е сигурен дека Русија може да го стори тоа.

Тој потенцираше дека Русија има совршено укинатен систем за рекреирање и одмор кој „треба активно да се промовира, вклучително и во странство, нудејќи им на странските државјани особени, уникатни услуги кои ги нема кај нив“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња