Обама: Русија не е доволно заинтересирана за нуклеарно разоружување

Претседателот на САД исто така изјави дека нема да се извини за бомбардирањето на Хирошима.

Русија покажува недоволна заинтересираност за нуклеарно разоружување, изјави претседателот на САД Барак Обама во интервју за телевизијата NHK во предвечерието на својата посета на Јапонија, каде на 26-27 мај ќе се одржи самитот на „Големите седум“ (G7).

Американскиот лидер потсети дека во текот на неговото претседателствување успеал да потпише со Москва нов договор за намалување на офанзивното вооружување (СТАРТ 3) кој овозможи намалување на нуклеарниот потенцијал на двете страни.

„Мислам дека можете да одиме понатаму (во намалување на вооружувањето), но досега Русија не покажа заинтересираност да направи повеќе“, изјави Обама.

Претседателот на САД исто така изјави дека нема да се извини за бомбардирањето на Хирошима.

„Секој лидер донесува многу тешки одлуки, особено за време на војна“, потенцираше Обама.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња