Северноатлантската алијанса не сака нова „студена војна“ со Русија, изјави во интервју за полската телевизија TVN генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Одамна гледаме како Русија интензивно инвестира во вооружените сили“, реле Столтенберг. Според неговите зборови, НАТО само одговара на тие дејствија и ја зацврстува одбраната, а исто така и „избегнува ескалација“ и поддржува отворен дијалог.
Притоа, тој потенцира, во овој момент Алијансата не гледа непосредна закана за своите членки.
„Тоа не е стратешкото партнерство кое ние се трудевме да го создадеме по „студената војна“. Истовремено тоа не е конфронтација, ние не сакаме нова „студена војна“, истакна Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО исто така ја коментираше и намерата на Алијансата да го зацврсти своето источно крило. „Ние даваме јасен сигнал дека НАТО ќе ги заштити сите сојузници од закани. Тоа е основната порака од НАТО и неговата основна сила“, рече Столтенберг.
Одлуките за военото присуство на НАТО на источното крило, според неговите зборови, ќе бидат донесени на самитот на НАТО во Варшава на почетокот на јули, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче