„На сите им е познато дека бевме жртвите кои беа нападнати и соборени од проектили „Бук“. Мораме да ги пронајдеме одговорните за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“. Согласноста и помошта на Русија е голем чекор напред кон разбирањето на она што навистина се случи со нашиот авион“, рече министерот, соопштува агенцијата „Бернама“.
Рускиот претседател Владимир Путин и премиерот на Малезија Наџиб Тун Разак одржаа средба на маргините на самитот во Сочи. Помошникот на претседателот Јуриј Ушаков рече дека на средбата се разговарало за истрагата за падот на летот МХ17.
„Боинг 777“ на компанијата „Малезија ерлајнс“, кој леташе од Амстердам до Куала Лумпур, се урна на 17 јули 2014 година во Донецката област, при што загинаа 298 луѓе. Сите учесници во воениот конфликт во Донбас негираат дека се вмешани во оваа трагедија.
Советот за безбедност на Холандија во октомври минатата година ги презентираше резултатите од истрагата за авионската несреќа според кои авионот се урнал поради експлозија на боева глава 9H314M, поставени на ракета од серијата 9M38 лансирана од систем „Бук“, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче