Постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко не гледа знаци дека НАТО е подготвено да се врати на нормална соработка со Русија, пренесува „Интерфакс“.
„Искрено, не знам што сметаат нашите соговорници под терминот „бизнис како и обично“ (business as usual) кога зборуваат за неможноста од продолжување на соработката како и претходно. Од денешнава седница ние разбравме само дека, од една страна, нѐ повикуваат да ѝ се вратиме на политиката на стратешко партнерство со Западот, но притоа НАТО зборува дека соработката со Русија е невозможна“, изјави Грушко, коментирајќи го состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата што се одржа изминатите два дена во Брисел.
Според неговите зборови, особеноста на односите со НАТО во моментов се состои во тоа што „НАТО еднострано ги раскина и прекина сите проекти за соработка кои реално ја крепеа безбедноста и на земјите во НАТО, и на Русија“.
Проблемот, според неговото мислење, е во тоа што „во моментов ние немаме позитивна агенда“.
„Засега нема знаци дека НАТО е подготвено да се врати на нормална соработка која би давала додадена вредност за безбедноста на земјите од НАТО и Русија. И тоа, се разбира, ги стеснува можностите и за политичкиот дијалог, и не ги дава оние потпорни точки од кои би можеле да се одбиеме за да тргнеме во правец на нормализација меѓу НАНТО и Русија“, смета Грушко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче