ЦСКА Москва по шести пат стана шампион на Русија во фудбал

Во сабота, на 21 мај, во натпреварот од последното, 30 коло од домашното првенство во Казањ ЦСКА со резултат 1:0 го победи „Рубин“ и со тоа стана првак на Русија во фудбал за оваа сезона.

ЦСКА Москва по шести пат стана шампион на Русија во фудбал, соопштува официјалниот сајт на Руската фудбалска Премиер лига.

Во сабота, на 21 мај, во натпреварот од последното, 30 коло од домашното  првенство во Казањ ЦСКА со резултат 1:0 го победи „Рубин“. Автор на единствениот гол во 19 минута беше Алан Ѕагоев. Јунак на натпреварот кај „Армејците“ беше голманот Игор Акинфеев кој во последен момент двапати по ред го спасуваше тимот да не прими гол.

„Ростов“ со резултат од 2:0 го победи „Терек“ и го зазеде второто место со што стекна право да игра во Лигата на шампионите, додека „Зенит“, кој го победи „Динамо“ со 3:0 е на третото место.

ЦСКА од Москва го освои шампионатот на Русија во 2003, 2005, 2006, 2013, 2014 и 2016 година. Клуб со најмногу титули во фудбал во постсоветскиот фудбал е московски „Спартак“, кој го има освоено првенството девет пати.

Московски „Динамо“ првпат во својата историја го напушта најелитното натпреварување во РФ и се сели во втората лига.

Видеото од прославата на шампионската титула на ЦСКА можете да го погледнете овде.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња