Захарова бара извинување од каналот „Евроњуз“

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација бара од ТВ-каналот „Евроњуз“ (Euronews) извинувањето поради намерно пласираната лажна информација за депортацијата на кримските Татари.

За публиката која ги следи вестите на ТВ-каналот „Евроњуз“ ужасите на сталинизмот се десет пати пострашни. На овој факт укажува портпаролот на МНР РФ Марија Захарова на својата Фејсбук страница.

„Го читам „Евроњуз“, статија за годишнината на депортацијата на кримските Татари и „празничните манифестации“ во Киев тој ден и по тој повод. Во верзијата на статијата на руски јазик пишува: „Од Крим од 18 до 20 мај 1944 се депортирани повеќе од 200 илјади Татари“. А во верзијата на англиски јазик фразата звучи вака: „Кримските Татари се присетуваат на својата голема национална трагедија, на масовната депортација во мај 1944 на повеќе од два милиони мажи, жени и деца“. И тоа не е печатна грешка, случајно не е додадена нулата. Со англиски зборови пишува „два милиони“. Исто така е напишано дека денес на „окупираниот“ Крим, помеѓу другото во Бахчисарај, е забрането одбележувањето на годишнината од тие настани“.

Тоа не се двојни аршини во пласирањето информации за различна публика, не е ангажирано новинарство. Тоа е отворена лага“, додава Захарова. „Очекуваме официјално извинување од ТВ-каналот „Евроњуз“.

Во средата на Крим беше одржан помен поврзан со 72-годишнината од депортацијата на кримските Татари и други народи.

На полуостровот денес живеат околу 260000 кримски Татари. По присоединувањето на полуостровот кон Русија практнично сите добија руско државјанство и се широко застапени во органите на власта. Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров укажа и на тоа дека еден од првите потпишани акти по спојувањето на Крим кон Русија е законот за трите официјални јазици на полуостровот, меѓу кои е и кримско-татарскиот, „нешто што го немаше додека Крим беше во состав на Украина“, истакна министерот, пренесува „Взгљад“. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња