„Низок степен на невработеност – помалку од 6%, умерен износ на надворешниот долг – еден од најниските и суфицит од трговскиот биланс – 160 милијарди долари во 2015 година. Активностите на Банката на Русија за воведување флуктуирачки курс на рубљата ѝ овозможија на економијата да се адаптира и да го задржи високото ниво на резерви во злато – на 1 мај тоа изнесуваше 391,5 милијарди долари. Како резултат на тоа – и ова го признаваат експертите – дното на кризата во 2015 година може да се смета за поминато“, изјави Путин, пренесува „Взгљад“.
„Особено ќе истакнам дека нашата економија ја докажа својата стабилност во услови на неповолна надворешна конјунктура. И би сакал во врска со тоа да истакнам дека антикризните мерки на владата на Руската Федерација ја обезбедија поддршката за клучните сектори во економијата и стабилноста на финансискиот пазар“, изјави Путин во текот на самитот Русија-АСЕАН.
Претходно во четвртокот министерот за економски развој Алексеј Уљукаев изјави дека економијата на Русија во целост се адаптирала на санкциите и дека во моментов нема макроекономски ефекти од нив.
И министерот за финансии на РФ Антон Силуанов исто така изјави дека руската економија се адаптирала на новите услови и до крајот на годината треба да дојде до позитивно темпо на раст.
Агенцијата „Блумберг“ пишуваше дека, според мислењето на западните аналитичари, економијата на Русија во моментов ги преживува најголемите промени во последните 15 години и дека рецесијата може да заврши веќе во третиот квартал од оваа година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче