„Руската страна никогаш не бегала од дијалог. Несомнено, ние отсекогаш сме приврзаници на дијалог. Сметаме дека тоа навистина е единствениот начин да се решаваат оние проблеми и прашања кои се наоѓаат пред нас“, одговори Песков на барањето да ја коментира иницијативата на НАТО за одржување на средба на Советот Русија-НАТО до самитот на Алијансата во јули.
Според зборовите на Песков, „но заедно со тоа, дијалогот, се разбира, треба да биде повеќе или помалку доверлив и конструктивен, така кажано, врз основа на почитување на заемните интереси, инаку тешко дека може да биде продуктивен“.
„Во целина понатамошната експанзија на НАТО од наша гледна точка претставува повеќе процес со знакот „минус“. Тој процес ништо не дава од гледна точна на зајакнување на европската безбедност, напротив, преполн е со понатамошно зголемување на степенот на напрегнатост на континентот“, изјави Песков, одговарајќи на барањето да го коментира зачленувањето на Црна Гора во НАТО.
Во петокот министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека Берлин и Париз предложиле одржување на Советот Русија-НАТО до почетокот на самитот на Алијансата закажан за 8-9 јули, со цел да ѝ се „разјасни“ на Русија какви одлуки планира Алијансата на јулскиот самит во Варшава.
Претходно генералниот секретар на НАТО Јен Столтенберг изјави дека Алијансата решила да истапи со инцијатива за свикување нова седница на Советот Русија-НАТО пред самитот на Алијансата во јули, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче