Лидерот на француската парија „Национален фронт“ Марин Ле Пен изјави дека е подготвена да ја признае законитоста на присоединувањето на Крим со Русија доколку биде избрана за шеф на државата.
„Јасно гледам таква можност. Потполно веројатно е Франција да го признае Крим кога ќе станам претседател на Франција“, изјави Ле Пен во интервју за „РТ Франс“.
Политичарката исто така додаде дека од самиот почеток на санкциската политика против Русија „Национален фронт“ се искажала против таквите мерки.
Предлози за признавање на Крим како дел од Русија се слушаат во Европа сѐ почесто. На 18 мај Советот на италијанската област Венето донесе резолуција со апел до националната влада да го признае Крим за руски регион и да ги укине санкциите воведени против Москва, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче