Лавров му препорача на Столтенберг „да не се фаќа за микрофонот“

Шефот на руското МНР Сергеј Лавров го прекори генералниот секретар на НАТО за изјавата за средба на Советот Русија-НАТО.

Шефот на руското МНР Сергеј Лавров го прекори генералниот секретар на НАТО за изјавата за состанок на Советот Русија-НАТО,

Министерот е револтиран поради тоа што Столтенберг, прекршувајќи ги нормите за дипломатска комуникација, објави дека шефовите на министерствата за надворешни работи на Алијансата решиле да одржат седница на Советот Русија-НАТО пред одржувањето на самитот на Алијансата во Варшава на 8 и 9 јули. Генералниот секретар на НАТО претходно во петокот го изјави ова во Брисел.

„Врз основа на што го кажа тој тоа? Советот Русија-НАТО работи врз основа на консензус. Ако тие сакаат да дискутираат за тоа, нека дискутираат со нас, не да се фаќаат за микрофонот“, изјави Лавров.

Советот Русија-НАТО е платформа формирана во мај 2002 година со цел размена на мислења и развој на соработката меѓу Русија и земјите-членки на Алијансата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња