Според информациите на Истражниот комитет на Русија, вечерта на 18 мај органите на редот и мирот добиле известување дека маж зел за заложници шест лица во една од филијалите на Московската кредитна банка.
„Според првичните информации грабнувачот имал при себе предмет кој личел на експлозивна направа. Во врска со реалната закана по животот и здравјето на заложниците, во текот на реализацијата на специјалната операција за нивно ослободување, од страна на оперативните припадници на ГУ МВР за Москва, осомничениот во текот извршувањето на наведениот престап беше ликвидиран“, изјави портпаролот на Истражниот комитет на Русија за Москва Александар Никитин.
Извор во органите на редот и мирот изјави за „Интерфакс“ дека во текот на проверката на местото на настанот билa откриенa лажна експлозивна направа која во текот на преговорите напаѓачот се заканувал дека ќе ја активира.
„Припадник на специјалниот одред за брза реакција, кој настапи во улога на преговарач, беше принуден да го употреби службеното оружје за да убие врз основа на реална закана од експлозија“, рече изворот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче