Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова го одржа своето ветување пред новинарите кои известуваа од самитот Русија-АСЕАН откако го одигра рускиот народен танц „Калинка“.
Необичниот настап на директорот на Одделот за информација и печат на рускиот дипломатски ресор се случи во текот на концертот организиран на маргините на самитот за новинарите кои известуваат од него.
Во Сочи, каде што се одржува самитот, присуствуваат 850 акредитирани новинари. Повеќето од нив присуствуваа на концертот.
Захарова излезе на бината и буквално со блескавиот танц на „Калинка“ ги освои срцата на новинарите кои ја поздравија со бурен аплауз.
„Настани има нон-стоп“, изјави таа по танцот. „Неверојатна организација. Вчера во овој шатор се одржуваа репетиции. На поминување реков дека ќе одиграм. Морав да си го одржам зборот“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува ТАСС.
Видеото од настанот можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче