Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини очекува европските санкции против Русија да бидат продолжени, соопштува агенцијата „Блумберг“.
Во интервјуто за германскиот весник „Велт“ Могерини го објасни својот став со тоа што „Минската спогодба“ за решавање на украинската криза не била исполнета во целосен обем.
„Го очекувам тоа“, рече Могерини. „Шефовите на државите и владите на земјите на ЕУ го поврзаа укинувањето на санкциите со целосната реализација на „Минската спогодба“. Засега тоа не е постигнато“, смета таа.
Во врска со барањата за укинување или намалување на санкциите, Могерини истакна дека во ЕУ „секогаш постоеле различни мислења во однос на некои делови од нашата санкциска политика“. „Така и ќе биде, но, без оглед на разногласијата, ние секогаш сме постигнувале единство. Важно е да се придржуваме до единствена позиција и заедно да донесуваме одлуки“, потенцира таа.
„Долго време ја сметавме Русија за стратешки партнер. Денеска тоа веќе не е така, но таа, како и претходно останува стратешка земја“, истакна Могерини, потсетувајќи дека Западот соработува со Москва во барање решенија за конфликтите во Сирија и Либија, блискоисточното регулирање, на преговорите со Иран.
Важноста на санкциите на ЕУ против Русија истекува на 31 јули. Прашањето за нивно продолжување ќе се дискутира на самитот на ЕУ на 28-29 јуни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче