„Нам ни е потребен целисходен дијалог за да го намалиме ризикот од грешки, да избегнуваме конфликти и да ја зголемиме предвидливоста во нашите односи“, ги пренесува информативната агенција PAP зборовите на претседателот во текот на неговата посета на Италија.
Според мислењето на Дуда, соработката со Москва „не треба на никој начин да влијае“ на договорот во НАТО во однос на прашањата за заедничка одбрана. Освен тоа, убеден е полскиот претседател, дијалогот треба да се гради „на принципи на меѓународното право и почитување на територијалниот интегритет на сите земји“.
Минатата недела во Полска почна изградбата на база за противракетна одбрана на САД. Тогаш Дуда изјави дека таквите објекти „ќе ја зајакнат безбедноста на слободниот свет“, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче