Најевтиниот автомобил на светот ќе се продава во Русија

Продажбата на најевтиниот на светот економичен автомобил производ на индиската компанија Bajaj Auto почнува во Русија есента 2016 година.

Продажбата на најевтиниот на светот економичен автомобил производ на индиската компанија Bajaj Auto почнува во Русија есента 2016 година, се вели во соопштението за медиумите објавено на сајтот на компанијата-дистрибутер „Ист Вест Моторс“.

„Првата испорака на Qute во Русија се очекува во септември-октомври 2016 година, може да се нарачува. Предвидената цена е од 300 илјади рубли (4,6 илјади долари според тековниот курс)“, соопштува „Ист Вест Моторс“. На рускиот пазар економичниот автомобил е предвидено да се продава двојно поскапо отколку во Индија, каде чини само две илјади долари.

Автомобилот за четири лица со моноцилиндарски бензински мотор од мотоцикл со моќност од 13,5 коњски сили Bajaj Qute е пуштен во производство во септември 2015 година. Возилото може да развие брзина до 70 километри на час, а потрошувачката на гориво изнесува помалку од 2,8 литри на 100 километри.

До излегувањето на моделот Bajaj Qute за најевтин автомобил на светот се друг индиски автомобил - Tata Nano чија цена почнуваше од три илјади долари, пишува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња