Церемонијата на потпишување на протоколот ќе се одржи во рамките на министерската средба во Брисел.
Протоколот за зачленување внесува измени во Северноатлантскиот договор – главниот документ на воениот блок, а промените се однесуваат на ратификацијата во националните парламенти на сите членки на Алијансата.
Зборувајќи за перспективите на зачленувањето на Црна Гора во Алијансата, претставник на НАТО за РИА Новости изјави дека „ратификацијата зависи од националните процедури и затоа е тешко да се каже колку ќе потрае тој процес“.
Министрите за надворешни работи на 28 земји-членки на НАТО на состанокот во декември 2015 година официјално ѝ понудија на Црна Гора да почне преговори за приклучување на Алијансата. Во март годинава премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ изјави дека неговата земја може да стане членка на НАТО кон средината на 2017 година. Опозицијата во Црна Гора е против зачленувањето во НАТО и бара оставка на премиерот, формирање преодна влада и нови парламентарни избори, како и референдум за прашањето за зачленувањето во НАТО-пактот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче