Русија ќе инсистира на вклучување на условите за враќање на украинскиот долг спрема Русија во програмата за помош на ММФ за Киев, изјави министерот за финансии на РФ Антон Силуанов, пренесува РИА „Новости“.
„(Дијалог) засега не може да се воспостави... Без оглед на тоа што ние, како кредитори, самите предлагавме услови за реструктуризација на долгот од три милијарди на Украина. Украина никако не реагираше на нив. Од страна на Украина не добивме никакви прифатливи предлози“, рече министерот во интервју за телевизијата „Русија 24“.
Според зборовите на министерот, страните одржале само „технички преговори“ на кои биле предложени услови за реструктуризација кои биле полоши од оние за комерцијалните кредитори. Силуанов го нарече тоа „апсурд“.
Русија поднесе тужба до Високиот суд на Лондон во февруари годинава. Москва бара од Украина враќање на долгот од три милијарди долари и исплата на камата од 75 милиони долари. До крајот на минатата година Киев го сервисираше долгот редовно, меѓутоа потоа објави банкрот за обврзниците.
Киев сметаше дека Москва треба да се согласи на реструкутризација на долгот под услови како за комерцијалните кредитори. Но Русија го одби тоа, инсистирајќи дека долгот е суверен, што значи прашањето за негова реструктуризација треба да се решава одделно. Овој случај е без преседан – должнички спорови меѓу земји сѐ уште не биле поднесувани до суд.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче